Стаменковска: Централниот регистар менувал планови среде година за да вработи повеќе луѓе

by Фокус

Дополнителката заменичка министерка за информатичко општество и администрација, Невенка Стаменковска, побара оставка од директорката на Централниот регистар Марија Бошковска-Јанковски, бидејќи, според неа, во оваа институција незаконски се вработувале партиски луѓе.

-ЦР донесува Годишен план за вработување за 2018 година на ден 11.07.2018 во кој планира 6 пензионирања и 2 најавени заминувања, а имаат потреба за вработување на 38 нови вработувања, за што на 23.07.2018 година добиваат позитивни мислење од МИОА, иако се пробиени сите рокови од законот. Со доставување на измена на Годишен план за вработување за 2018 година, на ден 10.10.2018 година, го зголемуваат вкупниот број на нови вработувања од 38 на 42 нови вработувања и за измената добиваат позитивно мислење на ден 15.10.2018 година. Парадоксално постапување од страна на функционерот на Централен регистар е тоа што заклучно со 09.10.2018 година (6 дена пред да добијат позитивно мислење за измената на Годишниот план за вработување за 2018 година), имаат објавено оглас согласно Закон за работни односи за вработување на 54 извршители и тоа 34 на неопределено и 20 на определено, без да посочат во огласот заради која причина имаат потреба за пополнување на работните места на определено време – рече Стаменковска.

Таа посочува дека ЦР доставил годишен план за вработување во 2019 година, за што имаат добиено негативно мислење поради непочитување на рокови од законот.

-Годишен план за вработување за 2020 година, Централен регистар го имаат доставено на 18.11.2019 година, и имаат добиено негативно мислење на 25.11.2019 година. Со повторно доставување на Годишниот план за вработување за 2020 година, на ден 27.11.2019 година, МИОА спротивно на првото мислење кое е негативно на чудесен начин на 17.12.2019 година, даваат позитивно мислење за 20 нови вработувања. Планирано во овој Годишен план имаат, 2 пензионирања во 2019 година и 2 пензионирања во 2020 година, што е спротивно на методологијата. Повторно на 03.01.2020 година, Централен регистар објавува јавен оглас за вработување на неопределено време за 20 извршители – рече Стаменковска.

Спорд неа, постапката е водена спротивно на Законот за административни службеници, поради што, како што вели, Државниот управен инспекторат не треба да ја толерира оваа институција.

Поврзани новости