447
Стагфлацијата не е непознатa во економијата и ja има и во другите држави. Стагфлација е состојба на економијата која се карактеризира со општ скок на цените инфлација со пад на производството, изјави премиерот Димитар Ковачевски за извештајот на Светска банка.
-Тоа е дел од извештајот на Светската банка кој што се однесува на Северна Македонија, меѓутоа доколку ги видите извештаите и за другите држави, тогаш ќе видите дека тој феномен важи и за другите држави, вклучително најмногу европските држави. Феноменот на стаглфлација не е непознат во економијата, тој се има случувано, тоа се негативни стапки на економски раст, намалување на невработеноста и зголемување на инфлацијата, рече Ковачевски во „Клик плус“ на ТВ 21.