Стафа бара суспензија на обвинителите Бубевски и Ајро, Антикорупциска му порача дека „чука“ на погрешна врата

by fokus

Државното правобранителство, поточно правобранителот Фехми Стафа, од Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) побарал да донесе одлука за суспензија на обвинителите од ОЈО Скопје Гаврил Бубевски и Артан Ајро поради сомневања за судир на интереси во врска со случајот „Трансмет“. ДКСК вели дека нема таква надлежнот и оти забрана за привремено вршење на јавнообвинителска дејност согласно закон може да изрече јавниот обвинител на Република Северна Македонија.

Владимир Георгиев, член на ДКСК, појасни дека Државното правобранителство до ОЈО за гонење организиран криминал и корупција ја информирак Комисијата оти поднело кривична пријава против Гаврил Бубевски и Артан Ајро за кривични дела во предметот „Трансмет“.

-Државното правобранителство според пријавата имало сознанија дека во ОЈО Скопје се води постапка околу имотот на „Трансмет“ и стечајот и затоа има сомневање на постоење на судир на интереси на обвинителите ги прибавувале сите предмети и стечајниот предмет. Оттука, Државното правобранителство смета дека постои опасност овие лица да ја доведат во опасност целата постапка која е отворена против нив и од ДКСК бара веднаш тие да бидат суспендирани од нивната положба до завршување на целокупната постапка, рече Георгиев на денешната седница на ДКСК.

Тој додаде дека по разгледување на наводите во пријавата и во однос на тоа како е дефиниран судирот на интереси, во случајот повеќе станува збор за изрекување забрана, бидејќи, како што истакна, по вакви постапувања треба да се донесе стручна забрана доколку е вмешано лицето против кого се води постапка.

-Дополнително на ова во Законот за ЈО член 81 став 3 се вели дека одлука за оддалечување од вршење на јавнообвинителската функција донесува ЈО на РСМ со образложение за супензијата на јавнообвинителската функција. Основаноста на барањето за суспензија може да ја цени само ЈО на РСМ и да донесе отаква одлука. Сметаме дека ние како ДКСК немаме ингеренции за надлежно пстапување, истакна членот на ДКСК, Геоегиев.

Поврзани новости