ССМ: Привремените работници ќе ги уживаат истите права како и останатите вработени

by fokus

Работниците кои се вработени преку агенциите за привремени вработувања ќе ги имаат истите права како и останатите работници, соопшти претседателот на Сојузот на синдикати, Живко Митревски, на денешната прес-конференција.

„Со овој предлог закон се овозможува целокупните одредби од Законот за работни односи да важат за сите работници, односно и за оние кои се привремено вработени. Тие ќе важат и во делот на платата, на минималната плата, безбедноста и здравјето при работа, заштитата на посебните категории на работници.

Важно е и тоа дека со член 21 и член 24 се регулира правото на слобода на синдикално организирање и колективно преговарање“, истакна Митревски.

На денешната седница на Извршниот одбор е проследена постапката за продолжување на колективниот договор за приватниот сектор, додека за колективниот договор за јавниот сектор се очекува да отпочнат анализите за реализација на разговорите со другите репрезентативни синдикати.

Со овие законски измени бенефит ќе имаат над 5000 работници.

Поврзани новости