ССМ ќе поднесе колективна тужба за неусогласување на колективните договори со Законот за минимална плата

by Fokus

Сојузот на синдикати на Македонија ќе поднесе колективна тужба за неусогласување на колективните договори согласно со Законот за минимална плата. Тужбата, како што денеска изјави претседателот на ССМ, Дарко Димовски, ќе биде поднесена пред домашните и странските судови.

– ССМ ќе поднесе колективна тужба пред домашните судови и пред Советот на Европа по основ на непочитување на колективните договори, непостоење на социјалниот дијалог, кој во минатото го имавме, како и по основ на усогласување на законите со колективните договори, изјави Димовски по денешната седница на Претседателството на ССМ.

Поврзани новости