ССМ ги потсетува работодавачите да исплатат К-15 до крајот на годината

by fokus

Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) ги потсетува работодавачите дека до крајот на годината треба да ја исполнат законската обврска и на работниците да им исплатат К-15.

– Исплатата на регресот за годишен одмор е уредена со колективните договори, а колективните договори според Уставот на државата имаат еднаква правна важност како и законите. Важењето на колективните договори не може да се суспендира од страна на државни органи. ССМ како единствен репрезентативен сидникат во државата очекува работодавачите да ја исполнат оваа обврска така како што е утврдена во колективните договори, се наведува во денешното соопштение од ССМ.

Работниците на кои нема да им биде исплатен регресот за годишен одмор, можат да побараат интервенција од ССМ и од Државниот инспекторат за труд, или пак да покренат судска постапка за заштита на своите права.

Работодавачите кои нема да исплатат регрес за годишен одмор или ќе побараат од работниците да ги вратат исплатените средства, предвидена е затворската казна до една година.

Регресот за годишен одмор се исплатува еднаш во текот на годината.

Поврзани новости