ССМ: Димовски побара одложување на седницата за избор на претседател, со цел да учествуваат и другите кандидати

by Fokus

На денешната седница за избор на претседател на Сојузот на Синдикати, в.д претседателот Дарко Димовски го повикал вонредниот Конгрес да ја одложи седницата за избор на претседател, со што ќе се даде можност и на другиот кандидат да учествува при изборот.

– В.д Претседателот Димовски побара втората пленарна седница за избор на претседател на ССМ да продолжи најдоцна за 30 дена и на истата на најдемократски и најтранспарентен начин да се избере претседател на ССМ и од предложените кандидати, кои не успеаа да ги исполнат критериумите за предлог за кандидат за Претседател на ССМ. Со ваквиот потег, в.д Претседателот на ССМ, м-р Дарко Димовски, ја покажа својата доблест и искрен пристап за надминување на состојбите во ССМ и покрај тоа што на денешниот вонреден Конгрес како единствен кандидат можеше да биде избран за претседател на ССМ со присуство на 92 делегати, од вкупно 113. Со ова се демантираат сите невистини изнесени во изминатиот период во врска со така наречената недемократска постапка за избор на Претседател на ССМ и се потврдува заложбата на ССМ за организирање на фер и демократски избори – се наведува во соопштението од ССМ.

Поврзани новости