667
Вонредниот Конгрес на Сојузот на синдикати на Македонија денеска ќе го оддржи продолжението на пленарната седница, каде треба да се избере нов лидер на синдикалците. Продолжението се одржува денеска откако конгресот беше прекинат во Охрид на 11 ноември затоа што за прв човек на ССМ имаше само еден кандидат, актуелниот в.д претседател Дарко Димовски.
Изборот на нов претседател ќе се одржи во зградата на Сојузот на синдикатите на Македонија. По завршувањето на Вонредниот Конгрес на ССМ предвидено е обраќање од страна на избраниот претседател.