ССМ: Да ја спречиме злоупотребата на финансиска помош за работниците погодени од кризата

by Фокус

Од Сојузот на синдикати на Македонија соопштија дека до нив биле упатени низа поплаки кои укажуваат дека некои од компаниите кои се корисници на финансиска помош од државата за исплата на плата во висина од 14.500,00 денари, со злупотреба на Законот за работните односи, на своите вработени им исплаќаат понизок износ на плата од она кое што го добиле како помош.

„Од тие причини, ССМ се обрати до Управата за јавни приходи за информација, кои компании, корисници на финансиската помош, исплатиле плата пониска од 14.500,00 на работниците. Исто така, ССМ се обрати и до Државниот трудов инспекторат за преземање на сите соодветни мерки“, истакнаа од Синдикатот.

Од ССМ порачаа дека ќе ги преземат сите законски инструменти на располагање, сѐ со цел да се спречи злоупотребата на правата од работен однос и на најпогодените работници да им обезбеди основни услови за егзистенција се до конечно надминување на кризата.

Поврзани новости