Срушено Ромското маало под Кале

by fokus

Околу стотина граѓани останаа без дом, откако во заедничка акција на град Скопје и Министерството за труд и социјална политика, денеска беа срушени импровизираните домови на мала заедница Роми кои своето место го нашле под Кале до реката Вардар.

Жителите од оваа населба велат дека по втор пат остануваат под отворено небо. Во февруари годинава тие протестираа пред Владата против рушењето на нивните импровизирани куќи. Тие повторно бараат помош од институциите, бидејќи како што велат, немаат каде да одат.

Од Град Скопје пак, велат дека неколку пати ги предупредувале  жителите да ја напуштат оваа локација, бидејќи нивното засолниште било нелегално.  Како што вели градоначалникот Коце Трајановски, луѓето од ромската заедница привремено се сместиле таму, бидејќи според него, тие живеат и на други места.

Од Град Скопје појаснија дека земјиштето е  приватен имот и дека сопственикот побарал да се расчисти местото.

Поврзани новости