Срушен рекордот на посетеност на Зоо Скопје, следната недела се отвора Дино паркот

by fokus

Срушен е рекордот на посетеност во Зоо Скопје, 17.000 посетители ја посетиле Зоолошката градина викендов. Протоколите беа засилени, инспектори казнуваа луѓе што фрлаат ѓубре и хранат животни, а вработени проверуваа дали секој посетител носи маска.

Вчера од Зоо Скопје соопштија дека тим инспектори веќе се во зоолошката. -Во координација со нашите вработени, ќе бидат санкционирани, но пред се едуцирани сите несовесни посетители кои не ја почитуваат забраната за хранење на животните, кои ги вознемируваат или им фрлаат отпадоци во живеалиштата, како и оние посетители кои не ги почитуваат ковид мерките, соопштија од таму.

Извори од Зоо Скопје брифираат дека следната недела ќе биде отворен и Дино паркот. Таму ќе има диносауруси со природна големина, со синхронизирани движења, дишење, трепкања, проследени со звуци.Ова ќе биде прв Дино Парк на Балканот каде што ќе има толкав број на диносауруси, како и едукативна содржина за секое од овие праисториски животни.

Поврзани новости