Српските граѓани во декември ќе добијат по 20 евра од Владата

by fokus 20:21
20:21

Сите полнолетните граѓани во Србија ќе добијат дополнителни 20 евра во декември, што значи дека пензионерите ќе добијат вкупно уште 100 евра до крајот на годината, а другите полнолетни граѓани по 50 евра, најави министерот за финансии Синиша Мали на својот Инстаграм профил.

-Пензионерите во септември ќе добијат 50 евра, потоа 30 евра во ноември, а потоа 20 евра во декември, изјави Мали.

- Advertisements -

Другите полнолетни граѓани ќе добијат 30 евра во ноември, за кои се пријавиле во мај, а потоа и уште 20 евра во декември.

-Благодарение на одговорната економска политика и постигнатите резултати во претходниот период, кога Србија постигна еден од најдобрите резултати во Европа кога станува збор за стапката на економски раст, имаме доволно средства за овој нов вид поддршка на граѓаните, наведе Мали во соопштението.

Поврзани новости