Српскиот премиер Вучиќ на раце го внесе Драгиша Милетиќ во Парламент

by lali 12:37
12:37

Новиот српски премиер Александар Вучиќ утрово слета со хелихоптер пред Општина Карпош, го зграби Драгиша Милетиќ од клупите пред општинските бараки и на раце го внесе во законодавниот дом.

– Не може бре неки тамо Стева да подјебава мога Драгишу – изјави Вучиќ пред Парламентот со Милетиќ во рацете и клоцајќи ја отвори вратата од Собранието.

- Advertising -

Милетиќ беше втор на пратеничката листа на ГРОМ, партијата на Стевче Јакимовски и според партискиот договор носителот на листата Чедомир Саздовски требаше да се откаже од мандатот и Милетиќ да продолжи со својот престој во Собранието.

Со овој дил Јакимовски сакаше да му ја врати услугата на Милетиќ, кој му обезбеди партиски печат за да учествува на локалните избори откако градоначалникот на Карпош се одметна од СДСМ.

Од друга страна Вучиќ е познат како спасувач, деновиве учествуваше во спасувачка акција поради поројните дождови во Србија, а зимоска спасуваше деца од автомобилите заглавени во снег по српските магистрали.

disclaimer1

Поврзани новости