Срѓан Ѓоковиќ за „Фокус“: Боба Живоиновиќ излажа дека Новак имал болно срце, животот ни беше пекол три години!

by Fokus

Срѓан Ѓоковиќ, таткото на најдобриот тенисер на светот, Новак Ѓоковиќ, по првпат за македонски медиум отворено зборува што мисли за Роџер Федерер, за судирот со Слободан Боба Живоиновиќ, за односот кон Македонија и името на државата, до кога Новак ќе игра тенис и дали неговиот син Стефан ќе тргне по стапките на татко си, за почетоците и сиромаштијата, за богатството и односот кон парите, за хуманитарната работа и смислата на животот по прележаната тешка болест кога на смртта ѝ гледал во очи.

„За жал, Живоиновиќ немаше позитивно мислење за Новак во клучните моменти за него. Еден од најбогатите Срби на светот, Филип Цептер, сакаше да го спонзорира Новак и му се обратил за мислење на Слободан Живоиновиќ, а овој му рекол дека Новак имал болно срце и болна петица и дека јас сум бил невозможен за соработка. И, поради тоа, Цептер се откажа од поддршката за Новак. Поради таа изјава на Живоиновиќ, тој ни направи пекол во животот во наредните три години. Но, тоа е едноставно така. Она што нема да ве убие, тоа ќе ве направи посилен.

ФОКУС: Кои биле мотивите на Живоиновиќ за таквата изјава?

„Мотивите му биле затоа што година дена пред тоа, Цептер му дал половина милион евра за четирите најталентирани деца-тенисери во Србија, меѓу кои бил и најстариот син на Боба, Филип. Кога слушнал за Новак, Цептер го прашал Живоиновиќ од каде сега Новак, кога ти ме убедуваше дека четирите деца што ти си ги избрал се и најталентираните деца во Србија. И Бобо му одговорил дека Новак не го зел затоа што имал болно срце и болна петица, а татко му бил невозможен за соработка. Притоа, не познавајќи го ниту Новак, ниту мене, бидејќи во животот не немал видено“, истакна Ѓоковиќ.

ЦЕЛИОТ ТЕКСТ МОЖЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ВО НАЈНОВИОТ БРОЈ ОД НЕДЕЛНИКОТ “ФОКУС” КОЈ ШТО МОЖЕТЕ ДА ГО КУПИТЕ И ВО ЕЛЕКТРОНСКА ФОРМА НА ОВОЈ ЛИНК

Поврзани новости