Средношколците на нова средба во МОН

by Фокус
Средношколците, кои продолжуваат да кампуваат во Паркот на новинари, денеска ќе одат на нова средба во Министерството за образование, која треба да започне во секој момент.
Голем дел од учениците, кои врнежливата ноќ ја поминале под шаторите, утрово со неколку родители беа собрани под тенда каде ги собираат донациите и потписите за поддршка.
Учениците добиваат огромна поддршка и од професори кои не преноќуваат со нив, ама по работното време одат во кампот со кеси полни храна и вода.

Поврзани новости