Средношколците ќе протестираат по трет пат во четврток

by Фокус

Средношколците по трет пат ќе маршираат во четврток во 12 часот, како што велат против лошите реформи во образованието. Тие ги повикуваат сите сложно да кажат НЕ на реформите, коишто од нив направиле експериментални глувци. Средношколскиот марш почнува од Фонтана – Парк, потоа продолжува накај Владата, а завршува пред министерството за образование.

– Да се изјасниме гласно, затоа што тишината не е решение!  Ова е апел до граѓаните. Апел до учениците, родителите, наставниците и студентите. Уште еднаш да покажеме дека и покрај вашето игнорантно однесување, пленумот цврсто стои зад своите барања.
Оваа наша сплотеност може да укаже на 3 работи, дека не може нашето знаење да се покаже преку тест со 30 прашања, дека не го подобрувате образовниот процес со бинго- тестови на среќа и дека не дозволуваме да си играте со нашата иднина – пишуваат од Средношколскиот пленум.

Од таму тврдат дека доста било молк и образовни реформи позади затворени врати. Според нив, време е ученикот да може да учествува во донесувањето одлуки за неговото секојдневие и иднина.

Овој марш е наднационален, надетнички, надрелигиски, непартиски. Затоа ве молиме да се држите до кодекскот на однесување: Забрането е:

1. Истакнување на партиски, религиозни и етнички симболи
2. Секаков вид на вандализам
• Палење на учебници и сл.
• Уништување на јавен имот
3. Пропагирање на вертикална структура
4. Насилство и говор на омраза
5. Користење на алкохол и опојни дроги
6. Оружје.

Поврзани новости