Средношколците испратија претставки до Народниот правобранител

by Фокус

Средношколците кои протестираа против ексерното тестирање и концептот на матурата поднесоа претставки до Народниот правобранител поради притисоци и закани од раководствата на училиштата и попречување да излезат на протест.

Според народниот правобранител Иџет Мемети, средношколците ги доставиле претставките анонимно, бидејќи се плашат. Мемети увери дека сите ќе ги разгледа и ќе отвори постапка. Тој порача дека новите законски решенија во образованието мора да се носат заедно со најзасегнатите: учениците и професорите.

Средношколскиот пленум минатата недела излезе на протест, но пред и за време на протестот средношколците се соочуваа со различни притисоци. Во некои скопски училишта, учениците беа дури и заклучувани во училиштата за да не может да присуствуваат на протестот.

Поврзани новости