Средношколците денеска ја бојкотираат наставата во повеќето скопски гимназии

by Фокус 09:54
09:54

Средношколците во повеќе скопски гимназии денеска ја бојкотираат наставата, револтирани од игнорантскиот однос на министерството за образование, откако првиот човек Абдулаќим Адеми пред неколку дена седна на заедничката маса со Унија на средношколци, кои имаат неактивен статус дури од 2013 година. Во петок, со бојкот на наставата почнаа гимназиите „Орце Николов“и “Кочо Рацин” кои не  седнаа во школските клупи.

-Овој чекор е резултат на се уште игнорантскиот однос на надлежните кон незадоволството на илјадници ученици кои двапати и од улица им порачаа “Стоп за лошите реформи“ – тврдат од Средношколскиот пленум.

- Advertisements -

Според нив, бојкотот на наставата е само логично продолжение на нивното сериозно делување, кое велат го покажале преку нивните аргументирани барања доставени до ресорното министерство. Тие нагласуваат дека нивната подадена рака за преговори првите луѓе на министерството двапати  ја одбиле, па оттука треба да очекуваат дека реалните проблеми овој пат ќе излезат на виделина. Радикализација на протестите најавуваат и средношколците во другите  градови во Македонија.

-Средношколскиот пленум уште еднаш јавно ќе испрати порака до МОН да ги разгледа нашите барања и да ја прифати средбата со претставници од Средношколскиот пленум. Колку повеќе се одолговлекува оваа средба од страна на министерството, толку повеќе се зголемува незадоволството кај средношколците. Министерот  има должност да ги сослушаат средношколците и Средношколскиот пленум. Остварувањето на средба е неопоходно за да може да се постигне некаков договор –  велат од Средношколскиот пленум.

Пред неколку денови, тие беа обвинети од Унијата на средношколци дека се политички мотивирани и затоа излегуваат на улица нба протести.

Поврзани новости