Средношколските протести продолжуваат во училиштата

by Фокус
Средношколските протести продолжуваат во училиштата против новиот модел на државна матура, кој вклучува и задолжително полагање  математика како трет предмет.

Денеска, по завршувањето на првата смена, на протест ќе излезат учениците од градежното училиште „Здравко Цветковски“ и гимназијата „Ѓорѓи Димитров“.Учениците велат дека нема да има бојкот на наставата, но тие ќе продолжат се поинтензивно преку протести да го искажуваат својот револт против, според нив, лошите реформи во образованието.

Учениците своите барања написмено ќе ги достават до министерството за образование и наука, од чиј одговор ќе зависи дали и како ќе делуваат во иднина.

Од ресорното министерство не ги коментираат средношколските протести, а воведувањето на математиката како дел од државната матура го правдаа поради слабиот успех на учениците по овој предмет и потребата за упис на техничките факултети кои според надлежните се конкурентни на пазарот на труд.

Поврзани новости