Средношколка е повредена, откако паднала од автобус во движење

by Fokus 12:59
12:59

Средношколка од тетовското село Боговиње добила тешка повреда на главата и во неконтактибилна состојба итно била пренесена на скопските клиники откако вчера околу 14 часот паднала од автобус во близина на бензинската пумпа во Долно Палчиште, соопшти СВР Тетово.

Според полицијата, извршениот увид укажува на тоа дека  девојката се превезувала со автобус на „Башким турс“ што го управувал 49-годишниот И.Т. од Теново.

- Advertising -

Шоферот на полицијата и изјавил дека девојката се обидела што побрзо да слезе од автобусот зашто и испаднал мобилниот телефон, но слегувајќи се сопнала и паднала на тротоарот. Веднаш застанало друго возило кое се движело зад автобусот со кое тешко повредената девојка била пренесена на хирушкото одделение во Тетовската клиничка болница од каде по укажаната помош итно била однесена на клиниките во Скопје.

Поврзани новости