Средба Заев – Тимоние: Усвојувањето на Законот за Јавно обвинителство – дополнителен аргумент пред ЕУ

by fokus

Претседателот на СДСМ Зоран Заев и секретарот за меѓународна соработка на СДСМ, Бојан Маричиќ денеска се сретна со амбасадорот на Франција во Македонија, Кристиан Тимоние, соопштуваат од партијата.

На средбата било разговарано на повеќе актуелни теми, како процесот на интеграција на Македонија во ЕУ, спроведувањето на реформите, но и актуелната политичка ситуација и работата на преодната Влада задолжена за организирање на предвремените парламентарни избори во април.

– Пораките што овие денови стигнаа од претставници на Европската унија покажуваат дека Европската комисија има план и тоа ни го враќа оптимизмот. Се надеваме дека новата методологија ќе биде изготвена наскоро и ќе понуди фер пристап како за нас, така и за ЕУ. Од друга страна за нас како држава е добро да дадеме дополнителни аргументи пред ЕУ преку усвојување на Законот за јавно обвинителство. Важно е да покажеме демократски капацитет и Законот да влезе во Собранието и да биде усвоен. Законот за јавно обвинителство е важен за правосудството и за државата, порачал Заев.

Францускиот амбасадор Тимоние истакнал уверување дека ЕУ ќе подготви нова методологија која ќе биде во интерес на земјите кандидатки за членство во Унијата и Македонија ќе продолжи со процесот на интеграција. Тој го поздравил напредокот на Македонија дека се уште има простор за напредок во реформите, а за тоа е потребно и носењето на Законот за јавно обвинителство, како и зајакнување на борбата против криминалот и високата корупција.

Поврзани новости