Средба Заев-Бјорнстад: Преземаме обврска за брзи и квалитетни реформи

by Fokus

Премиерот Зоран Заев, денеска се сретна со амбасадорот на Кралството Норвешка за Македонија, Арни Бјорнстад. Реформските приоритети што ќе ги отворат евро-атлантските интеграции на Македонија беа клучна тема на состанокот.

– Владата во својата работа се води од стратешките интереси на Република Македонија, а тоа се перспективите кон Европската унија и НАТО, што ќе осигураат квалитетен живот за сите граѓани на Македонија. Затоа, посветени сме на брзи, квалитетни и ефикасни реформи – истакна Заев.

Тој најави создавање услови за независни институции, како што се реформите во правосудството, обезбедување професионален здравствен и образовен систем, развој на економијата, што е од огромна важност за егзистенцијата на граѓаните, финализирање на Рамковниот договор.

На средбата беше истакнато искуството со Црна Гора како позитивен пример како е можно постигнување голем исчекор напред и прием во НАТО, низ принципот на активна дипломатија со Брисел што води кон ефикасно исполнување на преземените обврски и напредок.

„Политичката криза во Македонија заврши, демократските процеси ги почнавме и резултатите за напредокот на Македонија на домашен и меѓународен план зависат од волјата на политичарите. Како премиер и како Влада ја преземаме обврската да го водиме овој процес. Во таа насока е и мојата посета на Брисел. Исто така, целосно сме ориентирани кон инклузивен процес на соработка со опозицијата и со сите други општествени чинители, затоа што евро-атлатскиот процес е интерес на сите граѓани и на Република Македонија – рече премиерот Заев.

 

Поврзани новости