Средба на шефовите на изборните штабови на СДСМ и ДУИ

by fokus

Шефовите на изборните штабови на СДСМ и ДУИ, Дамјан Манчевски и Беким Незири денеска остварија средба за претстојните избори.

Средбата била на барање на Незири, кој вели ќе иницира средби и со  останатите шефови на изборните штабови на партиите на ДПА и ВМРО-ДПМНЕ, потписнички на Договорот од Пржино.

-Идејата е да има фер и демократски избори на 11 декември, токму затоа сметам дека шефовите на изборните штабови треба да сме секојдневно во комуникација, за да превенираме се што би можело да предизвика евентуални проблеми на изборите, изјави за 24 вести Беким Незири.

Поврзани новости