Средба Груевски-Волер: Над 150 лица од ВМРО-ДПМНЕ се врши директен напад од власта

by Fokus

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски заедно со членовите на Извршниот комитет Влатко Ѓорчев и Александар Николоски остварија средба со меѓународниот секретар на Европската народна партија (EPP) Патрик Волер, информираат од партијата.

Груевски накратко го запознал соговорникот со актуелните случувања на политички и економски план. Тој посочи дека во Македонија има газење на правната држава и демократијата.

– Се врши класичен политички прогон и реваншизам на партиска основа. Се притвораат уметници само поради изразено мислење, а притоа се теретат за непостоечки дела како што е тероризам. За жал стануваме држава каде наместо со демократија се владее со страв и кршење на основните човекови права, спротивно на основните европски и универзални вредности. Македонија е земја каде се прогонуваат актери, уметници, режисери, инжињери и каде власта уапси 12 осто од пратеничката група на водечката опозициска партија или 5 осто од вкупниот пратенички состав – посочи Груевски.

Според него, Македонија станала заробена држава, а главната цел на таквиот напад е токму ВМРО-ДПМНЕ каде над 150 лица по различни основи се под директен атак на таквиот политички прогон.

Поврзани новости