Србов: Треба да бидеме среќни што немаше жртви на изборите

by Фокус
Изборниот ден помина со бројни нерегуларности, се поткупуваа гласачи, се носеа организирано, па треба да бидеме среќни што немаше жртви, изјави Никола Србов од партиското седиште на ВМРО-ДПМНЕ.
Тој не одговори директно на прашањето дали неговата партија ќе ги признае резултатите од изборите, но кажа дека ВМРО-ДПМНЕ води убедливо во многу општини.
-Резултатите ќе ги соопштиме откако ќе ги сумираме. Граѓаните видоа како СДСМ организира избори – изјави Србов.

Поврзани новости