Србов: Невладините на „шарените“ од владата добиле над 55 милиони денари

by Фокус

Владата предводена од Социјалдемократскиот сојуз продолжува со финансирањето на невладините организации за време на предизборен процес, што отвора сомнеж дека владата со парите на граѓаните купува гласови во пресрет на локалните избори, обвини Никола Србов од ВМРО-ДПМНЕ.

-За само два дена од парите на граѓаните на сметките на невладините организации се префрлени 29.660.000 денари. На 26-ти септември на сметките на невладините организации се префрлени 16.450.000 денари. Утредента, на 27-ми септември на сметките на невладините организации се префрлени 13.210.000 денари. Претходно, во периодот откако се распишаа локалните избори, на сметките на невладините организации беа префрлени вкупно 26.125.000 денари – рече Србов.

Според него, со најновите трансакции невладините организации кои учествуваа во т.н. шарена револуција и кои по насилен пат ја уриваа легално избраната влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ, од парите на граѓаните добиле вкупно 55.785.000 денари.

 

Поврзани новости