Србија возврати, го протерува Тарзан Милошевиќ, црногорскиот амбасадор во Белград

by Fokus

Министерството за надворешни работи на Србија соопшти вечерва дека, по повод прогласувањето на српскиот амбасадор во Црна Гора Владимир Божовиќ за персона нон грата, пристапиле на реципрочен начин, објави Танјуг.

Според дипломатската нота која МНР на Србија ја упатило до црногорското Министерство за надворешни работи, амбасадорот на Црна Гора во Белград, Тарзан Милошевиќ е прогласен исто така за персона нон грата.

Во нотата во која Танјуг имал увид, се наведува дека врз основа на член 9. од Виенската конвенција за дипломатски односи, амбасадорот Милошевиќ се прогласува за персона нон грата.

-Амбасадорот Милошевиќ е должен во наредните 72 часа да ја напушти територијата на Република Србија, се наведува во нотата.

Се додава дека МНР на Србија ја искористило приликата на МНР на Црна Гора да му ги повтори изразите на своето посебно почитување.

Поврзани новости