Србија се затвoра од сабота во 12 часот до понеделник во 6 часот

by fokus

Во Србија од сабота во 12 часот до понеделник во 6 часот ќе работат само продавниците за храна, лекови и гориво, реши на денешната седница Кризниот штаб за сузбивање на коронавирусот.

Донесена е и одлука кафулињата и продавниците на ски-центрите и планините да не работат за време на викендот, додека во остатокот од земјата сите продажни објекти ќе бидат отворени до сабота напладне, а од тогаш до понеделник во 6 часот наутро ќе работат само продавници за храна, лекови и горива, соопшти епидемиологот д-р Предраг Кон.

Тој исто така кажа дека од понеделник средните училишта ќе се префрлат на часови преку Интернет и најави дека следните мерки поради влошување на ситуацијата со епидемијата на коровирус ќе се разгледаат на следниот состанок на Кризниот штаб закажан за вторник.

Тој оцени дека епидемиолошката ситуација не може да влијае врз вакцинацијата, која е најдобар начин за превенција против оваа болест, додавајќи дека за стекнување на колективен имунитет треба да се вакцинираат околу пет милиони жители, што преставува 80 отсто од населението во Србија.

Поврзани новости