Србија размислува за воведување задолжителна вакцинација на здравствените работници

by fokus

Српската Влада за неколку дена би можела да го разгледа предлогот за воведување задолжителна вакцинација на здравствените работници против коронавирусот, изјави денеска српскиот министер за здравство Златибор Лончар.

Тој објасни дека земјата би можела да воведе задолжителна вакцинација на здравствените работници со цел да се спречи ширењето на коронавирусот.

– Не смееме да дојдеме во ситуација да се зарази медицински работник, а потоа да се прашуваме дали били или не бил вакциниран, нагласи Лончар.

Во Србија, каде живеат седум милиони жители, барем една доза од вакцините против Ковид-19 ја примиле 2,7 милиони граѓани. Премиерката Ана Брнабиќ истакна дека до крајот на месецов се очекува да бидат вакцинирани 40 отсто од населението на возраст над 18 години.

Поврзани новости