Србија размислува да го скрати работното време на шест часа

by fokus

Движењето за обнова на Кралството Србија до српското Собрание  поднесе предлог за измена на Законот за работа, со цел работното време да се скрати од осум на шест часа, а надлежните, претстaвниците на синдикатот и на работодавачите, но и експертите сметаат дека начелно иницијативата не е лоша, но дека се уште не е применлива во Србија и оти е потребна детална анализа за тоа.

Исто така, се истакнува дека би требало за се решат други работи и проблеми во областа на трудот, а потоа да се разгледа и скратувањето на работниот ден.

Претседателот на Унијата на работодавачите на Србија, Милош Ненезиќ вели дека Србија уште не е на тој степен на развој за да може да размислува за тоа да се дозволи шестчасовно работно време.

– Тоа е тешко во овој момент. И најразвиените земји во светот, кои можат да размислуваат за тој модел, не се определија дефинитивно за такво нешто, вели Ненезиќ за „Танјуг“.

Според него, за таква мерка треба да се „поклопат“.многу работи.

Како пример наведе дека многу време се губи на одењето на работа, а и самиот процес на производство треба добро да се прилагоди и осмисли за што е потребна опширна анализа, која ќе ја оправда иницијативата.

Пртестедателката на АСНС, Ранка Савиќ, исто така, смета дека без претходни аназии или добри студии, во Србија не може да се воведе таков модел на работа.

Таа, сепак, потсетува дека во поранешна СФРЈ имало неколку фабрики, кои експериментално вовеле шестчасовно работно време, а резултатите, според неа, биле одлични.

– Такво работно време било воведено во фабрики од дрвната индустрија и продуктивноста се зголемена за речиси 30 отсто, а работниците биле позадоволни, вели Савиќ.

Покусото работно време носи бројни предности, смета таа, а таков модел на работа би имал смисла особено во областите во кои постои голема потреба за ангажман на работна сила, како здравството.

Таа, исто така, додава дека тоа би било прифатливо и во областите како градежништвото, каде на физичкиот работник му е тешко да издржи осумчасовно работно време.

– Сепак, ако го скратите времето за два часа тогаш се наметнува потребата од вработување нова работна сила, особено на пример, во здравството, додава Савиќ, укажувајќи дека земјите во кои е воведено работно време од шест часа имале бенефит од тоа.

Од друга страна, мислењето е дека во Србија мора прво да се справи со голем број прашања од областа на трудот, а потоа да размислува за такви идеи.

– Важно е платите редовно да се исплаќаат, за да може од нив пристојно да се живее, да се реши мобингот на работа, да се избориме за тоа неделата да биде неработен ден, да се зголеми минималната плата… 
Прво треба да се избориме за тоа, а потоа да размислиме за она што постои во високо развиените земји, вели Савиќ

Сепак, таа, како претстваник на синдикатот, вели дека би поддржала таква идеја, но во тој случај би било важно системот да се уреди така што работникот би добивал иста плата за шест часа, како и кога би работи осум часови.

– Србија, е сепак, милји далеку од тоа, вели Савиќ.

Компанијата „Тојота“ пред 14 години воведе шестчасовно работно време што даде одлични резултати во однос на профитот, а влијаеше и на зголемувањето на задоволство кај работниците.

Во Министерството за труд објаснуваат дека Законот за работни односи содржи одредби за работното време што се во согласност со меѓународните стандарди и кои им обезбедуваат заштита на вработените во оваа област.

– Законското скратување на работното време би имало големо влијание врз економијата, вонстопанските активности, особено во јавниот сектор и услугите, а особено од аспект на обезбедување на континуитет во давањето услуги и одржување на производството таму каде што тоа е неопходно, а ќе има влијание и врз вработените и нивниот животенстандард, велат од Министерството.

За да се разгледа иницијативата за законско скратување на работното време неопходно е претходно да се направи сеопфатна анализа на ефектите од скратување на работното време.

– Со оглед на тоа што висината на платитет е условена со бројот на часови минати на работа, треба да се има на ум дека со намалувањето на работното време на вработените ќе им се намалат  платите, што би имало негативно влијание врз нивниот животен стандард. Покрај тоа, намалувањето на работните часови на дневно и неделно ниво може на  работодавачите да им ги зголеми трошоците, меѓу другото, поради потребата на зголемување на бројот на вработени, велат од Министерството.

Особено треба да се разгледаат последиците од скратување на работната недела во трговската или услужната дејност.

Социологот, научен соработник на Институтот за општествени науки во Белград, Нада Новаковиќ, вели дека идејата за скратување на работниот ден во Србија е нереална и „повеќе е популистичка. отколку теоретски и емпириски основана”.

– На прв поглед, станува збор за залагање за помалку работни часови, поголема мотивација за работниците и нивно задоволство. Од друга страна, вистинските интереси на капиталистите се да ги намалат трошоците по работник, вели Новаковиќ.

Имено, според неа, пократкиот работен ден значи и помалку заработка.

– Тоа веднаш му носи бенефиции за работодавецот. Пократок работен ден не го обврзува работодавачот да вработува нови работници. Ниту во Шведска не се испатеше, па се откажа од тоа, вели таа.

Новаковиќ нагласува дека за разлика од Шведска, работното време  во Србија се одредува од случај до случај и потсетува дека „моделот“ е дека работодавачот формално склучува осумчасовен договор, но најчесто не го почитува.


– Истото ќе се случи и со пократок работен ден. 
Реална е ситуацијата работниците максимално и на различни начини да се експлоатираат со неплаќање на прекувремена работа, ноќното работење, смените и работните празници, вели Новаковиќ.

Таа затоа смета дека идејата за покусо работно време во сегашните услови во Србија, во која, како што вели, на вработените нередовно им се плаќа работниот ден, кој често трае и 10 часа, особено кај приватниците, е само неостварлив сон.

Според неа, продуктивноста на трудот не зависи само од должината на работното време.

– Тоа е заблуда, која ја демантираше и економската наука и практиката. Важни се технологијата и условите во кои се работи и сé поважниот човечки фактор. Оптимистичката визија за скратување на работниот ден и зголемување на слободното време поради воведување на нови технолошки решенија, се покажа нереална, додава Новаковиќ,

Таа смета дека во дејностите во кои условите за работа се тешки, на пример, во рударството, би било добро да се скрати работниот ден.

– На тој начин, ќе се зачува здравјето на работниците, а ќе се подобри нивната мотивација за работа. Ова ќе има смисла само во секој случај ако на рударите не им ги намалат и онака ниските плати, заклучува Новаковиќ.

Поврзани новости