Србија поразена од Бразил со 2 -0

by Fokus

Бразил ја победи Србија со 2:0 во воведниот меч од Мундијалот во Катар.

Селекцијата на Драган Стојковиќ Пикси добро се држеше еден час, но потоа Бразилците го зголемија темпото и воопшто не ја напуштија противничката половина.

Бразил поведе со 1:0 во 62 минута кога Ришарлисон ја погоди мрежата на Србија.

Потоа Ришарлисон изведе уште една вистинска атракција, погоди уште еднаш во 73 минута и го реши натпреварот.

Поврзани новости