Србија од утре почнува масовна вакцинација

by fokus

Српската премиерка Ана Брнабиќ најави дека утре во Србија ќе започне „масовна“ вакцинација на граѓаните против коронавирус.

Брнабиќ изјави дека од утре ќе се вакцинираат просветните работници, припадниците на армијата и полицијата, како и новинарите. Таа оцени дека претставниците на медиумите, особено медиумските работници кои се постојано на терен, биле вклучени во приоритетната група, на апел на медиумските здруженија, но и на барање на српскиот претседател Александар Вучиќ.

Таа очекува дека во текот на 2021 година Србија ќе се врати на нормалниот живот пред пандемијата на коронавирусот.

Поврзани новости