Србија денеска избира претседател

by Fokus

Околу 6,8 милиони граѓани на Србија со право на глас, денеска избираат нов шеф на државата, кој на таа функција ќе го наследи актуелниот претседател Томислав Николиќ.

Во претседателската трка учествуваат 11 кандидати, но според аналитичарите, единствена енигма е на овие избори е дали актуелниот српски премиер Александар Вучиќ ќе биде избран за нов претседател на Србија уште денеска или по две недели во вториот круг.

Според последните анкети, актуелниот премиер Вучиќ, кој е кандидат на владејачката Српската напредна партија (СНС), но ја доби поддршката и од другите партии во владината коалиција, може да се надева на меѓу 52,8 и 54,3 проценти од гласовите и многу е веројатно дека уште денеска ќе го исполни потребниот услов на осовени над 50 отсто гласови за да биде избран за претседател во првиот круг.

Освен него, други кандидати се Саша Јанковиќ од граѓанската иницијатива „Србија без страв“, потоа Вук Јеремиќ, поранешниот шеф на српската дипломатија, како и Воислав Шешељ, лидерот на Српската радилакна партија.

Поврзани новости