Србија бара да ја произведува руската вакцина

by Fokus

Србија е подготвена да соработува со Русија во борбата против коронавирусот, но и во сферата на заедничкото производство на вакцината, изјави министерот за здравство на Србија, Златибор Лончар за ТВ-каналот Русија-24.

-Би сакал да кажам дека сме отворени за соработка со Русија. Би сакале нашите две земји да работат заедно на производство на вакцини, но и на заедничка борба против коронавирусот и другите болести, рече Лончар, пренесе РТС.
Тој вели дека во Србија има лабораторија во која во моментов се анализира квалитетот на руската вакцина.

Поврзани новости