СПУКМ: Давор Поповски e новиот претседател на Студентскиот парламент

by fokus

Со освоени 3.851 гласа на вчерашните избори, Давор Поповски е новиот претседател на Студентскиот парламент на УКИМ, соопштија од Студенсткиот парламент. Според нив, вчера гласале вкупно 5.264 студенти, од кои 1.275 за Стефан Василевски.

„Изборниот процес се одвиваше во фер и демократска атмосфера, каде што можност имаа студентите да го дадат својот глас и достојно да го изберат својот нов лидер. Во текот на изборот имаше тенденции за скандализирање на изборот од страна на Студентскиот пленум, кој е политички мотивиран, да направат упад во гласањето и да ги спречат студентите да го искажат своето демократско право на глас, што беше директен атак на слободата на студентското изразување“, се вели во соопштението.

Од Студенсткиот парламент сметаат дека дел од членовите на Студнетскиот пленум се однесувале насилно за време на изнесувањето на гласачките кутии од Правниот факултет, за време на  пребројувањето на гласовите и за време на внесувањето на последните кутии во просториите на СПУКМ.

„Ваквиот начин на однесување сметаме дека не доликува на академски граѓани и на студенти кои треба да бидат авангарда и носители на иднината на нашата држава. Политички мотивираните насилни однесувања се одлика на оние кое сакаат да го уништат студентското движење“, велат од СПУКМ.

Специјални полициски сили доцна синоќа насила ги извлече студентите што се спротивставија на изборите за претседател на Студентскиот парламент на Универзитетот “Кирил и Методиј” со обвинение дека се лажирани. Во инцидентот имаше и полесно повредени студенти.

Поврзани новости