Спречени терористички напади на ИСИС во Македонија, Косово и Албанија

by fokus

Косовската полиција соопшти дека во соработка со државните органи за безбедност во регионот осуетила и спречила обид за синхронизирани терористички напади на т.н. Исламска држава на Косово, во Македонија и во Албанија, пренесе НОВАТВ.

Меѓу одбраните мети бил и фудбалскиот меч меѓу Албанија и Израел во квалификациите за светското првенство во 2018 година што се одигра пред пет дена. Медиумите пишуваат дека интернет комуникацијата на терористите била пресретната од француската разузнавачка служба која веднаш ги известила МОСАД, израелска тајна полиција и со случајот беа запознати албанските безбедносни органи.

Во полициска акција на Косово се лишени од слобода 19 лица и уште шест во Македонија и во Албанија. Според некои медиуми, еден од нив бил државјанин на Република Македонија. Кај нив е пронајдено оружје, експлозив и електронска опрема, пренесува агенцијата АП. Членовите на групата во трите земји биле координирани од двајца Албанци, членови на Исламска држава, кои имале јасни цели кој, кога и каде треба да биде нападнат, наведе косовската полиција.

Поврзани новости