Спречени два обиди за подметување пожари во Кочани

by Fokus

Полицијата спречи два нови обиди за опожарување во кочанскиот регион, кој во изминатите неколку денови е погоден од силна огнена стихија. Во изминативе 24 часа во Кочанско е регистрирана појава на нови пожари во населбата Усова Чешма.

Територијалната противпожарна единица во два наврата добила дојава за интервенција на потегот од крајот на Усова Чешма на потегот кон Пресека.

Постои сомнеж за подметнати пожари во дел што ги поврзува Кочани и Оризари, каде лесно може да се предизвика нова катастрофа, поради сувата вегетација комбинирана со шумски појас.

Поврзани новости