Спречена втора експлозија во Леверкузен-расте бројот на повредени

by fokus

По експлозијата на резервоарот со растворувачи во фабриката за хемикалии во западниот германски град Леверкузен, противпожарната единица по три часа борба со стихијата успеа да ја спречи опасноста од втора експлозија, за ДПА наведе државен службеник.

-Резервоарот содржел 100.000 литри многу запалив, токсичен отпаден материјал, изјави министерот за внатрешни работи на Северна Рајна Вестфалија, Херберт Реул, додавајќи дека во „Хемпаркот“ се распоредени 300 пожарникари.

Во експлозијата во објектот за депонирање на отпадни производи Буериг, управувана од компанијата „Авента“, загина едно лице, 31 се повредени, додека четворица се водат за исчезнати.

Условите на теренот се уште не дозволуваат отпочнување на истрага за причините за експлозијата, пренесе ДПА. На жителите се уште му се препорачува да не излегуваат и да седат со затворени прозорци и врати, како и да не јадат храна од градина.

Поврзани новости