Спречен терористички напад на денот на изборите во Црна Гора?

by fokus

Дваесет српски државјани се уапсени во Црна Гора, под сомнение дека спремале терористички напад по завршувањето на денешното гласање на парламентарните избори.

Директорот на националната полиција Славко Стојановиќ изјави дека групата планирала со автоматско оружје да нападне државни институции, полицијата, а можеби и државни функционери. Еден Србин е во бегство.

Според обвинителството групата планирала вооружен напад и врз граѓани, кои веројатно ќе се соберат пред зградата на Парламентот по завршувањето на изборниот ден.

Црногорскиот министер за внатрешни работи Горан Даниловиќ ги предупреди грашаните да останат во своите домови по соопштувањето на изборните резултати, наместо да прославуваат на улиците.

Инаку, во Црна гора денеска се одржуваат најважните парламентарни избори по осамостојувањето, а кои се гледа како на избор меѓу Русија и Западот. Агенцијата АП, оценува дека исходот може да го загрози процесот на проширување во ЕУ и НАТО и дека Москва е одлучна да го поврати влијанието во регионот кое е од стратешко значење за неа.

Поврзани новости