Спречен обид за атентат врз ерменскиот премиер

by Фокус

Ерменските служби спречиле обид за убиство на премирот Никол Пашинјан и преземање на власта од група поранешни функционер, објави Националната служба за безбедност.

Пашинјан е под притисокот на илјадници демонстранти кои протестираат од вторникот и бараат да отстапи од премиерската должност поради потпишувањето на договорот за прекин на непријателставата, со кои Азербејџан осигура територијална контрола во Нагорно Карабах, енклавата доминантно населена со Ерменци.

Ерменската Национална служба за безбедност објави дека за заговорот за убиство на премиерот е уапсен поранешниот директор на службата Артур Ванецјан, поранешниот шеф на пратеничката група на Републиканската партија во парламентот, Вахрам Багдасарјан, и воениот ветеран Ашот Бинасјан.

Во претресите безбедносните служби откриле голем број парчиња оружје и минуција, особено митралези, рачни фрлачи на гранати, пушки со телескоп, патрони, денотатори, запалки и осигурувачи за експлозивни направи.

Пашинјан претходно изјави за нацијата дека нема друг избор отколку да го потпише договорот за прекин на огнот, за да спречи натамошно губење на териториите, но ги отфрли повиците да отстапи од должноста.

Поврзани новости