Спречен атентат врз Ангела Меркел?

by fokus 20:37
20:37

Германската канцеларка Ангела Меркел избегнала обид за атентат во Прага, пишува британски „Мирор”

Чешката полиција уапсила вооружен маж кој се обидел да се вклучи во автомобилската придружба на Ангела Меркел за време на нејзината посета на Прага.

Полицијата го запрела вооружениот маж, кој возел автомобил марка „мерцедес“. Локалните медиуми наведуваат дека во неговиот автомобил се пронајдени палка, солзавец, цементни блокови и лисици.

Портпаролот на полицијата, Јозеф Бокан, изјави дека мажот е осомничен за обид за насилство против државник.

 

Поврзани новости