Спорниот спот на Општина Охрид против насилството

by Фокус

Видео-спотот на Општина Охрид од кампањата против насилството е поставен на интернет уште од март годинава, меѓутоа денеска се шири по социјалните мрежи.

На официјалниот Јутјуб на локалната самоуправа во Охрид пишува дека спотот е дел од активностите во рамки на проектот „Безбедни училишта – Хармонична средина”.

Проектот се реализирал со подршка на Мисијата на ОБСЕ, Советите за локална превенција и СВР – Охрид.

Воглавно коментарите на социјалните медиуми се дека спотот е полн со стереотипи поврзани со имиџот на насилниците.

Поврзани новости