Според ВМРО-НП ни се случи фијаско на НАТО-самитот

by Фокус 13:45
13:45

Разочарани сме и длабоко загрижени од фијаското што Република Македонија како земја кандидат за алијансата го доживеа на неодамна одржаниот состанок на НАТО во Кардиф, велат денеска од ВМРО-НП.

– Разочарани сме и од се поизвесната катастрофална содржина во есенскиот извештај од Европската Унија. Ја повикуваме владеачката ВМРО-ДПМНЕ да престане со оваа ирационална и алиби политика со која проблемите со кои се соочува не сака да ги реши, со тоа што однапред ги прогласува за нерешливи. Притоа крајно неетички вината ја префрла кон другите, најчесто кон опозицијата, внатрешните домашни предавници која таа ги пронаоѓа меѓу загрижените македонски граѓани и меѓународните посредници во преговарачкиот процес. Божемната жестока одбрана на идентитетот е апсолутно непотребна, напротив, денеска сите сме сведоци дека нашиот идентитет е најзагрозен токму од погрешните политики на владеачката партија и владата – велат од партијата на Љубчо Георгиевски.

- Advertising -

Поврзани новости