Според ВМРО-ДПМНЕ пратениците на СДСМ сами си го барале, ги иритирале граѓаните!?

by fokus

ВМРО-ДПМНЕ го обвинува СДСМ дека ги предизвикал насилствата во Собранието. Од партијата на Никола Груевски велат дека директна провокација бил „незаконскиот обид на криминогени структури од СДСМ да го самопрогласат Талат Џафери за парапретседател на Собранието“.

-Ваквото сценарио на СДС да формира параинституции е на директна штета и на Република Македонија и на граѓаните на државата. Единствено им користи само на оние сили во земјава и надвор од неа кои не и мислат добро на Македонија и кои го негираат македонскиот идентитет и суверинитет. Ваквиот срамен однос на сервилната и уценета криминогена структура на СДС го поттикнува гневот и ги иритира граѓаните на оваа земја кои не се согласуваат со плановите за нејзино редефинирање и разнебитување, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Оттаму додаваат дека благодарение на интервенцијата на полицијата, не дошло до поголема ескалација и посериозни последици.

Поврзани новости