Според полицијата графитот „Че си лежите“ ја загрозил безбедноста во сообраќајот

by fokus

Активистот на Шарената револуција и адвокат, Жаре Стевановски, е обвинет од полицијата за графитот „Че си лежите“ кој го испиша на улицата пред општинската зграда во Прилеп за време на протестите на Шарената револуција.

Полицијата против него до Основниот суд поднела четири прекршочни пријави по член 191 од Законот за безбедност во сообраќајот на патиштата. Според полицијата, со тоа што ја испишал оваа порака, Стеваноски го загрозил сообраќајот и безбедноста на другите учесници.

За Стеваноски ова е обид да се замолчат сите оние кои ја критикуваат власта и вели дека нема основа за пријавата, бидејќи додека траеја протестите улицата каде беше испишан графитот беше затворена за сообраќај, а веднаш потоа  локалните комунални претпријатија ја чистеа сообраќајницата.

Поврзани новости