Според нова анализа, водата во Дојранското езеро е исправна

by fokus

Сега според последните анализи направени во Центарот за јавно здравје во Велес, водата во Дојранското езеро е исправна и може да се користи за капење и за рекреативни активности.

Оваа анализа покажала дека водата е од втора категорија и нема штетни и опасни бактерии по здравјето на граѓаните. Мостри биле земени од четирите плажи, кои претходно беа забранети за капење поради загаденоста на водата во езерото.

Директорката на центарот за јавно здравје. Флорентина Шурбевска-Ристевска вели дека овие резултати се должат на соработката меѓу центарот и општината, која ги отстранила главните загадувачи на водата во езерото, а тоа биле фекалии испуштени од локали, викендички и куќи.

Поврзани новости