Споменикот на Неџат Аголи никна на скопскиот плоштад

by fokus

Споменикот на Неџат Аголи нечујно се издигна во центарот на Скопје. Забележан е вчеравечер, пред зградата на Телеком, близу до споменикот на Методија Шаторов-Шарло.

Повторно не се знае кој го поставил споменикот, ниту кога. Од општина Центар велат дека тие немале обврска за поставување на спомениците на албанските дејци туку тоа било обврска на леарницата.  Од градот пак велат тие не поставуваат споменици туку само ги одржуваат.

 Инаку, спомениците на тројца албански дејци, од леарницата во Фиренца пристигнаа во мај годинава.

Споменикот на Пјетер Богдани беше во ноќно време поставен во паркот Жена борец, а споменикот на поетот Јосиф Багери се издигна покрај Вардар.

За поставувањето на спомениците одговорност презеде општина Чаир. Градоначалникот Жерновски тогаш реагираше и бараше одговорност, бидејќи според него ниедна друга општина нема ингеренции да поставува споменици на територија на општина Центар.

Инаку, Неџат Аголи е прв Министер за здравство во владата во 1945 година.

Поврзани новости