Споменикот “Гас маска” пристигна во Скопје

by lali

Споменикот со бронзена гас-маска утрово пристигна во Скопје од леарницата во Фиренца. Најновото дело беше експресно нарачано од градоначалникот Коце за да се одбележи рекорното загадување на главниот град. Се разбира, автор е скулпторката Вале за хонорар од неколку милиони евра, главно за патни трошици.

Според старите добри обичаи, и овој споменик ќе биде поставен ненајавено, во раните утрински часови, кога маглата е најгуста.

Градоначалникот Коце вели дека идејното решение гас-маска победило во конкуренција на решението “Цреп” за исечените дрвја на непознат автор и “За ДОМ неспремни” на пратеничката Лиле Поповска, интересно решение на скрстени раце покрај оџак. За жал, засега, овие два проекта ќе бидат само парично наградени.

Локацијата на новиот споменик ќе биде дополнително одредена по извршувањето на најновите мерења на загаденоста на повеќе пунктови во градот.

Поврзани новости