Спиритуални песни и мантри со Махајана Деви во Скопје

by fokus

Махајана Деви, македонка која живее и работи во Швајцарија, ќе одржи промотивен концерт насловен “On the Wings of Love”, на 18-ти ноември, во Public Room, Скопје.
На концертот кој ќе започне во 20 часот ќе биде претставено новото ЦД на Махајана Деви со нејзини спиритуални песни и мантри во нејзина изведба. Ќе ја придружуваат професионални музиачри од Македонија и Швајцарија: Оле Здравковска – виолина, Љупка Манчевска Каевиќ – виолончело, Јоана Ристевска – класична гитара, Деа Плевнеш – ударни, и гостинот од Швајцарија со Хрватско потекло Нарајан – акустична гитара.

Специфично во нејзината музика е тоа што музиката која ја создава има многу елементи на македонската традиционална музика и типични македонски ритмови, сето тоа избалансирано со класични инструменти.

Првиот промотивен концерт на Деви беше во август 2018 во Пула, Хрватска, а вториот се одржа неодамна, на 10-ти ноември во Констанц, Германија.
Уметницата вели дека посебно се радува што ќе ја има можноста да настапи пред публиката во Скопје.

Таа се занимава околу 20 години со музика, најчесто со пеење. Додава дека за неа пеењето значи терапија за душата и нејзина желба било да ја сподели нејзината музика со луѓето, со цел да ги допре најфините и најсуптилните делови во нивната душа.

-Нејзината инспирација ја црпи од духовната заедница Комаја каде што е и членка со години и каде што пеењето мантри е една од спиритуалнитe методи.
Овој настан е еден од низата интернационални ивенти по повод одбележувањето на 40 години постоње на Комаја. Голема благодарност Махајана Деви му должи на нејзиниот духовен учител Аба Азиз Макаја за подршката и охрабрувањето во креирање на ова ЦД – информираат од тимот на Деви.

Поврзани новости