Спикерот Вељаноски ќе го одложи распишувањето на изборите

by Фокус

Собранискиот спикер, Трајко Вељаноски, ќе ги распише изборите една недела подоцна, односно на 15 април, потврдуваат за телевизија 24 Вести од Кабинетот на претседателот на Собранието.

Од Кабинетот информирале дека тоа е со цел Вељаноски да покаже конструктивност и на ДИК и да даде дополнително време за да го заврши чистењето на Избирачкиот список.

Ставот на опзицијата по ова прашање е дека една недела нема ништо да смени, односно дека тоа е краток период да се завршат сите проверки на Избирачкиот список за Македонија да има минимум услови за кредибилни избори.

Поврзани новости